Поврзете се со нас

Европски првенства

Швајцарците си „легнаа на брашното“: Македонија е силна репрезентација против која секогаш е тешко да се игра

Објавено

на

Селекцијата на Швајцарија со голем оптимизам, верба го најавуваше дуелот со Македонија, меч за кој беа убедени дека ќе го добијат и со тоа ќе заминат на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Меѓутоа тие нивни изјави, потценувачки изјави дека Македонија не е врва репрезентација скапо ги чинеа, загубија во „Јане Сандански“ (29-28) и на крајот останаа со празни раце, без место на континенталниот собир.

Швајцарците се закануваат: Македонија не е врвна репрезентација, ќе ја победиме ако одиграме како против Данска

По средбата во Скопје тие донекаде ја признаа грешката и порачаа дека секогаш е тешко да се игра против Македонија.

-Ова е врвен спорт. Можеш да ги искусиш најголемите височини каково јануари на СП и најголемите падови. Загубивме два натпревара со по еден гол во оваа недела покрај нашата борбена игра. Дадовме се од себе.

-Македонија е силна репрезентација против која е екстремно тешко да се игра надвор од дома. Многу други репрезентации тоа веќе го имаат почувствувано. Ние бевме силни, се боревме до крајот. Тоа е ракометот, мечот можеше да го добијат двете селекции. Не ја остваривме целта и тоа треба да го прифатиме.

-Одигравме добри европски квалификации. Забележавме победи против Финска и се покажавме во добро издание против селекциите кои се подобро рангирани од нас. Ама за жал не дојдовме до бодови, -истакна селекторот на Швајцарија, Михаел Сутер.

Лазаров: Швајцарците ме испровоцираа, заборавија дека ние ја победивме Данска

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни