Поврзете се со нас

Европски првенства

Швајцарците се закануваат: Македонија не е врвна репрезентација, ќе ја победиме ако одиграме како против Данска

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација утре го заокружува квалификацискиот циклус за Европското првенство и тоа со средбата против Швајцарија во Скопје која започнува во 18 часот во  СЦ „Јане Сандански“.

Ние веќе обезбедивме пласман на континенталнииот собир и овој дуел може да ни послужи за воигрување на екипата, да се испробаат некои тактички варијанти со тоа што целта е да се победи и тоа го потенцираше нашиот селектор и воедно капитен, Кирил Лазаров.

Меѓутоа гостите имаат свои планови, смети затоа што тие бркаат место на ЕП во Унгарија и Словачка, па водени од доброто издание против Данска сакаат да слават во македонската престолнина.

-Ако одиграме како против Данска, тогаш ќе победиме. Сепак ова ќе биде различен натпревар, -истакна најдобриот швајцарски играч, Енди Шмид.

Слична порака испрати и бекот Лукас Мајстер кој во нас не гледа врвна репрезентација.

-Македонија не е врвна репрезентација. Ние покажавме за што сме способни. Ако сите го оставиме срцето на терен, дадеме се од себе, тогаш ќе победиме, -порача Лукас.

За потсетување ние на првата средба во Швајцарија славевме со 25-23.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни