Поврзете се со нас

Репрезентација

Швајцарците повторно не победија, момците на Симиќ завршија како четврти во Шопрон

Објавено

на

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години со пораз од Швајцарија од 71-53 го заврши настапот на ФИБА „Челинџер“ турнирот во Шопрон.

Избраниците на Тони Симиќ немаа сили докрај да им се спротистават на Швајцарците со кои рамноправно се надигрувавме во првите 20 минути (29-29) за да во продолжението противникот биде далеку посвеж, поконретен и се избори за триумф со кој го освои третето место на овој турнир.

Швајцарецот Мартина со 28 кошеви беше прв стрелец на натпреварот, Димитровски пак кај нас беше прв поединец со 22 поени, 2 скока, 3 асистенции и 6 украдени топки.

Пред нас на овој Челинчер освен денешниот противник завршија Унгарија и Белорусија, додека зад нас беа уксембург, Словачка, Романија и Косово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни