Поврзете се со нас

Европски првенства

Швајцарците израмнија анти-рекорд, Германија го стартуваше ЕП со рутинска победа

Објавено

на

Германската ракометна репрезентација рутински ја обезбеди првата победа (27:14) на Европското првенство на кое е домаќин, израдувајќи ги своите фанови на преполниот стадион во Диселдорф.

Дуелот од групата во која настапува и Македонија донесе очекуван епилог по првата рунда, а Германците ја најавија победата уште во првиот дел, кој го добија со резултат 13:8.

Кнор со 6 гола ги предводел Германците, додека по 3 постигнаа Фишер и Кестер, а во редовите на Швајцарија, најдобар реализатор беше Рубен со 4 погодоци. Се истакна и Андреас Волф кој собра 14 одбрани за домашната селекција.

Со 14 постигнати голови против Германија, Швајцарците го израмнија анти-рекордот на европските првенства, бидејќи досега најмалку, 14 голови постигнале и Унгарија (против Шведска во 2016 година) и Хрватска (против Русија во 1998 година).

Натпреварот се одигра пред 53.586 гледачи, што е нов светски рекорд за присутна публика на еден ракометен дуел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни