Поврзете се со нас

Англија

„Шумарите“ се моќни на домашен терен: Сити падна на „Сити Граунд“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Манчестер Сити го претрпе 9. пораз во 28. сезонски натпревар во Премиер лигата и тоа во пресметката со Нотингем Форест.

Популарните „шумари“ триумфираа со 1-0 и уште еднаш потврдија дека „Сити Граунд“ е тврдина во оваа сезона, а потврда за тоа е фактот што немаат пораз во својот дом од почетокот на месец ноември кога тука ги надигра Њукасл со 3-1.

Двете екипи имаа шанси, но единиствениот гол падна падна дури во самата завршница, 83 минута кога Хадсон Одои го матираше Едерсон (ОВДЕ погледнете го голот)

Сега Нотингем Форест има четири бода повеќе од Сити на 10. коло до крајот на сезоната.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни