Поврзете се со нас

Свет

Шумахер порано ги заврши квалификациите и си ја искомплицира ситуацијата пред решавачките трки (Видео)

Објавено

на

blank

Мик Шумахер веќе е најавен како Формула 1 возач за следната сезона, но официјалната потврда дека ќе вози за Хас како да му влијаеше негативно во пресрет на финалниот викенд од сезоната во Формула 2.

Германецот е лидер во генералниот пласман во пресрет на последните две трки, но сериозно си ја искомплицира ситуацијата откако го освои 18. место во квалификациите.

Возачот на Према Рејсинг тактизираше со излегувањето на патеката, одредени ситуации не му одеа во прилог, а на крајот форсирајќи да обезбеди подобро време, учествуваше во инцидент во кој друг возач се најде врз неговиот болид, што беше крај за нивните квалификации.

Ова значи дека Шумахер утрешната прва трка ќе ја започне од 18. позиција, а единствена утеха за него е што главниот ривал Калам Ајлот го освои 9. место, што значи денеска не ги освои ниту четирите бонус поени кои му се доделуваат на освојувачот на пол-позицијата.

На трката во Бахреин тоа ќе биде Јапонецот Јуки Цунода, кој на овој начин има барем теоретски шанси да се бори за титулата.

Во пресрет на утрешната трка, Шумахер е прв со 205 поени, следува Ајлот со 191, Никита Мазепин има 162, а споменатиот Цунода е четврти со 161 поен.

Победникот на утрешната трка ќе добие 25 поени, по што се доделуваат 18,15 и 12 поени за следните тројца во конечниот пласман, а 2 поени ќе добие возачот со најбрз круг. На неделната втора трка, победникот добива 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни