Поврзете се со нас

Формула 1

Шумахер изненаден од Хас: Нема да кријам дека сум разочаран од одлуката

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/HaasF1Team

Хас утринава го потврди ангажирањето на ветеранот Нико Хулкенберг за следната сезона во Формула 1, што значи дека во возачката постава нема да има место за Мик Шумахер.

Германецот не ги оправда очекувањата и сезонава, па тимот на Хас реши да бара решение во Хулкенберг кој ќе му биде нов тимски колега на Кевин Магнусен.

Ваквата одлука го изненади и разочара синот на легендарниот Михаел Шумахер, нешто што тој не го криеше во пораката испратена до фановите.

– Ова ќе биде последна трка за мене со тимот на Хас.

– Нема да кријам дека сум разочаран од одлуката да не ми биде продолжен договорот, но сепак сакам да им се заблагодарам на Хас и Ферари за укажаната шанса.

– Темата е далеку од завршена за мене, неуспехот ќе ме направи уште посилен, – напиша Шумахер на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни