Поврзете се со нас

Формула 1

Шумахер имаше пребрзо влегување во боксот, реакцијата на механичарот ги воодушеви Ф1 фановите (Видео)

Објавено

на

Мик Шумахер се уште се адаптира на животот во Формула 1, бидејќи за разлика од минатата сезона кога беше навикнат да биде при врвот во Формула 2, сега мора да се соочи со реалноста и со перформансите кои ги нуди неговиот Хаас болид.

Наследникот на легедарниот Шуми допрва ќе треба да го докажува својот потенцијал во „најбрзиот циркус“ во светот како се уште актуелен шампион во Формула 2, но ако се суди според првите трки, во првата сезона ќе мора да прифати огромно заостанување во однос на најдобрите.

Шумахер заврши 18-ти на последната трка за Големата награда на Шпанија, но имаше и еден мал инцидент додека влегуваше во боксот, по што во фокусот се најде спектакуларната реакција на механичарот.

Тоа што беше најава за инцидент, механичарот со маестрален маневар го претвори во професионално извршување на задачата, па покрај тоа што младиот Мик се извини, вработениот во боксот на Хаас стана и хит на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни