Шукер под истрага: Билети за семејствата на хрватските репрезентативци завршиле на црниот пазар!?!

suker-vip

јавното обвинителство на Хрватска  на анонимна пријава започнала истрага против претседателот на Хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер. Јавното обвинителство со налог и асистенција на загрепската полиција  влегоа во федерацијата со сомнение за препродажба на билети на црниот пазар за Мундијалот во Русија.

Се работи за 700 билети кои биле испратени за Федерацијата за финалниот меч во Русија, но очигледно според анонимните извори завршиле на друго место.  Од ФИФА излегоа со информација дека во моментов собираат информации и во наредниот период ќе излезат со информации.

– Не можеме да излеземе со информација зошто во моментов се собираат докази за целиот случај. Кога ќе имаме целосно комплетиран случај, ќе излеземе со прес-конференција. Сепак незаконска продажба на билети и пуштање во промет на црниот пазар е сериозен прекршок. ФИФА и порано правела вакви акции и ќе прави во иднина, зошто нема никогаш да дозволиме вакви незаконски работи, – информираат од ФИФА.

Facebook Коментари