Шукер и Капело без влакна на јазикот ги подбраа Меси и Роналдо

suker-vip1

ФИФА испрати јасна забелешка за непојавувањата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси на гала вечерта која пред извесно време заврши во Лондон, случување на кое Лука Модриќ повеќе од заслужено беше прогласен за најдобар играч за изминатата натпреварувачка сезона.

Наградата „The Best“ замина во рацете на играчот кој го предводеше Реал Мадрид до трофејот во Лигата на шампионите и капитенот кој ја одведе Хрватска до историско сребро на мундијалите, а додека цела светска јавност му честита на играчот за врска за најголемото индивидуално достигнувње во кариерата, играчите кои доминираа во овој поглед во последните 10 години добиваат жестоки критики.

По прозивката од ФИФА, со свои изјави излегоа и Давор Шукер и Фабио Капело, легендарни фудбалски имиња кои го искажаа своето незадоволство што на церемонијата изостануваа двете големи ѕвезди.

– Не сакам да ја уништам оваа вечер која треба да биде на Модриќ, за неколку дена ќе кажам нешто повеќе на оваа тема. Животот не е исполнет од патишта на кои има само рози. Треба да се биде џентлмен и во поразите, тоа треба да го знаат Меси и Роналдо, – порача Шукер, а се надоврза Фабио Капело.

– Ова е непочитување кон другите играчи. Кога се доделуваат „Оскари“, сите актери се на церемонијата. Така теба да биде и тука. Можеби се научени да победуваат и не им се допаѓа кога губат. Но треба да покажете доблест и кога победувате и кога губите, – смета Капело.

Facebook Коментари