Поврзете се со нас

Свет

Штутгарт и Пешевски заглавија во второто полувреме против Лајпциг

Објавено

на

Штутгарт на македонскиот интернационалец Жарко Пешевски го доживеа петтиот пораз во шестиот меч во новата сезона во првата лига на Германија.

Пешевски и соиграчите рамноправно се носеа со Лајпциг во првото полувреме кое заврши со резултат 14-14, меѓутоа работите се променија по паузата, домаќините дадоа гас, одигра на повисоко ниво како во нападот така и во одбраната и се изборија за висок триумф од 33-24.

Биндер и Ларсен со по 8 голови беа најдобри стрелци кај победникот за кого поранешниот ракометар на Вардар и Пелистер Ловро Јотиќ даде 3 голови, ама забележа дури седум асистенции.

Пешевски немаше добар настап и имаше само еден неуспешен обид за погодок.

Штутгарт во следното коло е домаќин на Балинген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни