Поврзете се со нас

Свет

Штутгарт и Пешевски освоија важен бод против Фуксе Берлин

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевки и неговите соиграчи од Штутгарт освоија важен бод во дуелот со фаворитот Фуксе Берлин (32:32), иако во второто полувреме имаа и пет гола предност.

Штутгарт на полувреме водеше со 16:12 и најави дека оди на позитивен резултат на бундеслигашката пресметка, а во вториот дел неколку пати имаше пет плус.

Сепак, составот од Берлин успеа да се врати во завршницата, па дури имаше напад и за победа, но Штутгарт ги задржа нерешените 32:32 за битен бод во битката за опстанок.

Пешевски постигнал 4 гола на оваа средба, а најефикасни кај Штутгарт биле Кристјансон и Лен. Во тимот од главниот германски град, Линдберг реализирал дури 11 погодоци.

Штутгарт е претпоследен на табелата со 5 бода, додека за Фуксе ова е трет натпревар без победа, со што има четири бода помалку од Магдебург и натпревар повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни