Поврзете се со нас

Германија

Штутгарт го декласираше Хамбургер и е на чекор до опстанок во Бундеслигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/VfB

Последното коло во Бундеслигата донесе неверојатна драма на врвот и Баерн Минхен во луда завршница успеа да ја освои титулата во домашното првенство, но доста тензично беше и во борбата за опстанок.

Покрај отпишаната Херта, Шалке 04 беше вториот тим кој се пресели во Втора лига, додека Штутгарт со ремито против Хофенхајм не успеа да се спаси и си закажа бараж дуел за опстанок.

Првиот од двата натпревари против Хамбургер се одигра вечерва, а ако се суди според истиот, Штутгарт многу веројатно ќе го гледаме во елитата и наредната натпреварувачка сезона.

Домашниот тим покажа повеќе енергија и желба да оствари победа, па на крајот оствари убедлив триумф од 3:0 кој ги прави работите пеколно тешки за Хамбургер.

Борна Соса двапати асистираше од корнер и голови постигнаа Мавропанос и Гираси, третиот гол беше дело на Вагноман, а Штутгарт промаши и пенал во првиот дел.

Реваншот се игра во понеделник на теренот на Хамбургер, но јасно е дека на домаќините ќе им биде потребно чудо за да направат пресврт.

Видеото од натпреварот погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни