Поврзете се со нас

АТП

Штруф: Ќе биде голема срамота ако Ѓоковиќ не игра во Мелбурн

Објавено

на

Новата календарска година секогаш е одбележана со првиот тениски грен слем кој стандардно се одржува во Мелбурн каде и понатаму е неизвесно дали титулата ќе може да ја брани Новак Ѓоковиќ.

Ова е турнир кој Србинот го обожава и има девет триумфи на истиот, меѓутоа ако сака да учествува на истиот ќе мора да биде вакциниран против КОВИД-19. Досега Новак ја крие таа информација за тоа дали е вакциниран и со тоа им остава на медиумите да шпекулираат, а со тоа воедно да се развива дебата на оваа тема за тоа дали невакцинираните играчи треба да добијат можност да учествуваат на турнирите.

Меѓутоа правилата засега се јасни и останува да видиме каков ќе биде одговорот на Ѓоковиќ, а во меѓувреме својот став на ова прашање го искажа Јан-Ленард Штруф, вториот најквалитетен германски тенисер по Александер Зверев.

-Од спортска гледна точка, ќе биде голема сработа доколку Ѓоковиќ не се натпреварува во Австралија. Ова е неговиот најуспешен турнир, -реча кратко и директно Штруф кој во моментов на 51 место на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни