„Штрковите“ застанаа во последните пет минути: МЗТ падна во Цетиње!

krstevski-maslinko

Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа пораз од Ловќен Цетиње од 73-69 во мечот од 11. рунда во АБА2 лигата.

Ова беше дуел кој беше израмнет, драматичен и истиот македонскиот шампион можеше да го добие, ама лошо ја одигра завршницата во мечот во Црна Гора. „Штрковите“ во последните пет минути влезе со предност од 63-57 или тоа значи до самиот крај само даде уште 6 кошеви, а притоа му дозволи на противникот да уфрли 16 што секако беше клучно за финалниот резултат.

Стојановски даде 20 поени, Харис и Хиндс по 12, додека новото засилување Миловешиќ застана на 11 кошеви на кои додаде 7 скокови.  Ѓукановиќ пак со 23 поени беше прво име во победничкиот табор.

МЗТ има учинок 8-3, во следната рунда е игра исто на гостински терен против Слобода.

Facebook Коментари