Поврзете се со нас

Македонија

„Штрковите“ го потврдија новиот член: Поранешен соиграч на Гасол потпиша за МЗТ Скопје

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје и официјално доби нов член во своите редови кој ќе биде замена за Еван Максвел кој го напушти клубот пред неколку работи.

Се работи за 27-годишниот српскиот интернационалец Александар Бурсаќ кој одлично ја познава АБА лигата затоа што настапуваше во истата како член на ФМП и Задар. Тој меѓу другото настапуваше и во Шпанија во Манреса и Џирона каде за соиграч го имаше легендарниот шпански ас, Марк Гасол.

Бурсаќ треба да дебитира за „металците“ во недела во дуелот против Мега Мис во најсилното регионално натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни