„Штркот“ Бубе слета во старото гнездо

mladenovski

Во текот на денешниот ден, МЗТ Скопје го обелодени продолжувањето на соработката со Ѓорѓи Кочов за уште две години, а сега го доведе и првото засилување за наредната сезона.

Македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски е старо-новото лице во тимот од Аеродром, откако се реши да потпише двегодишен договор со МЗТ по едногодишен престој во Словенија, каде го носеше дресот на Илирија.

Во дресот на Илирија настапи на 23 натпревари, а имаше просек 9,4 поени и 6,5 скокови по натпревар, а лекциите кои ги доби од легендарниот Саша Дончиќ ќе му помогнат во неговата понатамошна кариера.

Младеновски е надвор веќе два месеца поради повреда на раката, поради што ќе го пропушти и квалификацискиот меч во дресот со државниот грб. Сега пред него претстои период на рехабилитација и адаптација во Скопје за да биде целосно подготвен за првиот собир на Кочов во август, а и за напорната сезона каде освен во првенството, ќе бидат дел и од втората дивизија во јадранската конкуренција.

Facebook Коментари