Стох ја доби првата рунда на „Четири скокалници“

stoh-obersdorf

Камил Стох победи на натпреварот во Оберсдорф со кој традиционално започнува новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во рамките на Светскиот куп во ски-скокови.

Полскиот натпреварувач беше четврти по првиот скок, но во вториот стигна до 137 метри, со што триумфираше на скокалницата во Германија.

Домашниот миленик Рихард Фрајтаг го освои второто место, додека Давид Кубицки од Полска го комплетираше победничкиот пиедестал за доминација на неговата земја на првиот од четирите натпревари.

Турнејата продолжува во Гармиш-Партенкирхен на првиот ден од новата 2018 година.

Facebook Коментари