Што ти носи фудбалот: Тренерот на Пандев не зборува со сопругата од Шведска по петочниот пораз

ballardini

Селекциите на Шведска и Италија се борат за билет за Светското првенство во Русија, а кој истиот ќе го земе ќе се знае вечерва по реванш средбата на „Сан Сиро“.

Скандинавците пред истиот се во добра позиција со оглед на тоа што славеа на првата битка во Стокхолм со 1-0, резултат кој донесе проблеми во семејството Балардини. Имено новиот тренер на нашиот Горан Пандев во Џенова, Давиде Балардини откри дека не зборува со неговата шведска сопруга Ана Ридберг по петочниот пораз.

-Немам зборувано со мојата сопруга од петокот. Со денови само ми вели: ти се плашиш? Швеѓаните уживаат да не стават нас во овие услови во оваа рана фаза, да не гледаат како страдаме, но се надевам ќе бидат среќни само поради тоа. Ако Шведска слави над Франција, Холандија и Италија тоа е така зошто се тоа е затоа што тие се чесен, посветен и скромен тим, кој ја наоѓа силата одвнатре, иако има и некои квалитетни играчи како Форсберг, -посочил Балардини за „Ла Република“.

Facebook Коментари