Италија
Што се случува со Милан? Лацио го растури италијанскиот шампион (Видео)

Екипата на Лацио славеше неочекувано лесна победа против тимот на Милан кого го растури со високи 4:0 на денешната средба на „Олимпико“.
Избраниците на Маурисио Сари ја продолжија лошата серија на Милан кој сега веќе три кола не знае за победа и полека се откажува од битката за титулата која е се поблиску до Неапол.
Милинковиќ- Савиќ уште во 4. минута го отвори резултатот и донесе водство за домашниот тим, а Закањи погоди во 38. минута за 2:0. Со тој резултат се замина на пауза.
Во вториот дел Луис Алберто и Фелипе Андерсон уште два пати ја тресеа мрежата за „Росонерите“ по што беше поставен и конечниот резултат на средбата.
И покрај поразот, Милан остана на втората позиција со 38 бодови, додека Лацио се искачи на третата позиција на првенствената табела со бод помалку од Милан.
Неприкосновен лидер е Наполи кој во моментов има 50 бодови и цели 12 поени позитива во однос на второпласираниот Милан.
-
АТПпред 22 часа
Надал: Повредата на Ѓоковиќ? Не се сомневам, ама…
-
Англијапред 23 часа
На чекор до финале: Јунајтед ги суреди „шумарите“ на „Сити Граунд“ (ВИДЕО)
-
Англијапред 14 часа
Рој Кин презадоволен од новиот ресурс на Тен Хаг: Сега сфаќам зошто се коцкаа со него
-
Англијапред 24 часа
Артета за ривалството со Сити: Ова нема да влијае на моето пријателство со Гвардиола
-
Светски првенствапред 15 часа
Ова го можат само големи мајстори: Швеѓанецот Ване даде гол од невозможна позиција (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Педри ставил „лајк“ на девојка, нејзиниот дечко го бара неговиот дрес (ФОТО)
-
АТПпред 11 часа
Таткото на Ѓоковиќ предизвика скандал позирајќи со поддржувачи на Путин
-
Германијапред 13 часа
Салихамиџиќ искритикува фудбалер на Баерн: Тоа е аматерски потег