Поврзете се со нас

НБА

Што се случува со „кралот Џејмс“: ЛеБрон служи за потсмев поради шутевите за три поени (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

ЛеБрон Џејмс според многумина ја игра последната сезона во НБА лигата, а дел од фановите во Америка почнаа предвреме да го испраќаат во пензија, пред се поради статистиката на последните четири меча.

„Кралот Џејмс“ со соочува со шутерска криза каква што не се памети во неговата блескава кариера, бидејќи ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс комплетираше уште еден меч без постигната тројка.

Лејкерси рано утрово беа декласирани од Минесота со 109:80 и во ниту еден момент од натпреварот не можеа да му парираат на ривалот, а најлоша можна статистика имаше токму лидерот на „езерџиите“.

Покрај петте загубени топки и лошите додавања кои ги имаше до своите соиграчи, она што посебно загрижува е шутерската форма на ЛеБрон, и тоа при отворени позиции.

Џејмс во поразот утрово не реализираше четири обиди за три поени, па ако се земат во предвид и претходните три меча, ЛеБрон има промашени 24 шутеви во низа за три поени.

НБА резултати:

Атланта – Њу Орлеанс 124:112
Бостон – Мајами 108:89
Чикаго – Бруклин 128:102
Минесота – ЛА Лејкерс 109:80

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни