Поврзете се со нас

Шпанија

Што правеше Бејл денеска во Мадрид додека Зидан подготвува говор во Манчестер (Видео)

Објавено

на

Зинедин Зидан на вчерашанта прес-конференција објасни дека Герет Бејл се самоотпишал од гостувањето во Манчестер во Лигата на шампионите, откако претходно навистина чудеше фактот што Французинот не го смести во долгата листа од 24 фудбалери.

Најпрво се доби впечаток дека Зизу со ваквото отстранување од тимот му пресудува на велшкиот фудбалер кој сериозно западна во втор и трет план, но всушност излезе дека крилниот фудбалер самостојно одлучил да не биде дел од тимот, а засега некоја поконкретна причина за такво нешто не постои.

Зидан не сакаше да открива детали и само нагласи дека Бејл донел одлука да не патува со тимот, но денеска шпанските медиуми беа доста активни и го уловија Велшанецот на своето омилено место.

Угледната емисија „Ел Чирингито“ излезе со ексклузивно видео од едно голф игралиште во Мадрид, на кое Бејл безгрижно се рекреира додека неговите соиграчи се подготвуваат за клучниот меч во Лигата на шампионите.

– Додека Зидан подготвува говор во Манчестер, Бејл игра голф во Мадрид…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни