Поврзете се со нас

НБА

Што му кажал легендарниот Чемберлен на Џордан: Ги променија правилата за да можеш да доминираш (ФОТО)

Објавено

на

Кои се најдобрите играчи и кој е најголемиот во историјата на НБА и кошарката? Овие прашања денеска одново се актуелни и тоа благодарение на документарецот „Последниот танц“ во кој се зборува за Мајкл Џордан и неговите Чикаго Булс.

Се откриваат некои други, нови работи, детали, луѓето се потсетуваат на минатото, но и се враќаат споемни, моменти кои дефинитивно се не заборавени особено битката на Мајкл Џордан со лошите момчиња од Детроит Пистонс и нивниот лидер Ајзеа Томас.

Некои работи не се забораваат, па и денеска има провокации особено од Ајзеа Томас кој го смести Џордан дури на четвртото место на најдобрите играчи со кои се соочил во кариерата, а воедно посочи што во една прилика во 1997 година Вилт Чемберлен му кажал на Ем-Џеј.

-Тие мораа да ги сменат правилата поради мене за да не можам да доминирам, тие ги променија правилата за да можеш ти да доминираш, -му порачал Вилт на Мајкл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни