Што ли ќе кажат во Мерцедес: Хамилтон се почести со брендирано Ферари вредно еден милион евра! (Фото)

hamilton-podignat

Луис Хамилтон како член на Мерцедес стигна и до четвртата шампионска титула изминатава сезона во Формула 1, а неговото последно милениче со кое одлучи да се почести сигурно нема да ги остави рамнодушни првите луѓе на легендарниот германски тим.

Проблем на Хамилтон всушност му направи неговиот добар пријател Кинбах, кој со двете фотографии кои ги сподели на социјалните мрежи крена голем прав во јавноста во Британија. Причина за тоа е фактот што Кибах откри дека Хамилтон се подновил со спектакуларниот модел на Ферари, „Ла Ферари“, лимитирана верзија која вреди најмалку еден милион евра.

Автентичноста на моделот е збогатена со тоа што во внатрешноста на Ферарито се гледа дека е испишано името на Луис Хамилтон, потег кој сигурно нема да ги остави воодушевени првите луѓе на Мерцедес поради тоа што Британецот одлучи да го рекламира фантастичниот модел на лутиот ривал.

ferari-luis

ferari-luis1

Facebook Коментари