Поврзете се со нас

Германија

Што ли гледаше: Брих додели само жолт картон за хорор старт во Хофенхајм (Видео)

Објавено

на

Хофенхајм ја оствари првата победа по рестартот на Бундеслигата откако вечерва го совлада Келн со 3:1, натпревар на кој домаќините имаа и предност поради фактот што гостите доста рано останаа со играч помалку.

Себастијан Борнау беше крајно невнимателен и премногу ризикуваше со својот старт, па вистинска среќа е тоа што Баумгартнер мина без скршеница.

Сепак, најчудно од се беше тоа што Феликс Брих мораше да добие сугестија од ВАР собата за да покаже црвена картон, иако ситуацијата му се случуваше пред очи.

Елитниот судија на УЕФА и ФИФА добива безброј критики за својата проценка, бидејќи првично му покажа само жолт картон на играчот на Келн.

Сепак, луѓето од позадина го поправија, па сосема оправдано на Борнау му беше покажан патот кон соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни