Балкан
Штимац: Гатузо имаше среќа што јас не бев таму, никој немаше…

Хајдук доживеа убедлив пораз во дербито со Ријека, а по средбата тренерот на клубот од Сплит, Џенаро Гатузо влезе во конфликт со некогашниот фудбалер, аналитичар, коментатор Јошко Јеличиќ.
Јеличиќ важи за човек без влакна на јазикот, знае да дава провокативни, зајадливи коментари, па на Гатузо му „пукна филмот“ и едноставно влезе во клинч со Хрватот со кого не сакаше ни да се поздрави.
Секако ова донесе различни реакции, а меѓу нив беше и онаа на некогашниот хрватски репрезентативец и екс селектор Игор Штимац кој посочи дека Рино имал среќа што тој не бил на местото на Јеличиќ.
-Иако јас сум кум на Јошко и сме добри пријатели, немам причина да бидам субјективен. Тоа што го направи Гатузо не му доликува ниту како светски шампион, ниту како тренер на Хајдук, ниту како странец во оваа земја. Не ги почитува оние кои ги коментираат натпреварите.
-Без разлика на цинизмот и иронијата на Јошко со која знае да го зачини својот беспрекорен коментар, во него нема ни ронка лага. Тој дава коментари со кои се согласуваат 90 отсто од луѓето. И телевизиите го сакаат тоа. Ја привлекува публиката и вниманието, тоа го прави речиси совршено. Тој си ја врши работата. Сега, Гатузо? Што му донесе Гатузо на Хајдук за парите што ги добива?
-Во клучен натпревар против директен конкурент не даваш ништо. Шутна еднаш кон голот, тимот нема стандардност, немаш ништо. Играчите постојано играат на погрешни позиции. И се осмелуваш да се закануваш после таков пораз. Имаше многу среќа што не бев таму. Тоа не би било добро за него. Никој не би составил прстот, -порача Штимац.
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија3 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Македонија13 часа
Митревски го најави вечното дерби против Вардар: Победникот ќе направи важен исчекор кон титулата
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)