Поврзете се со нас

Германија

Штилер атрактивно погоди, Баерн ги искористи подароците од Штутгарт (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Баерн Минхен славеше над Штутгарт од 3-1 во премиерниот натпревар од 24. коло во германската Бундеслига.

Актуелниот лидер и фаворит за титулата ги освои трите бода со пресврт во меч во кој ги користеше сите грешки на противникот, односно подароците кои ги доби од домашниот состав.

Штутгарт го зададе првиот удар и го отвори резултатот преку Штилер во 34 минута. Гостите од Минхен одговорија на крајот на првиот дел кога по додавањето на Сане одлично се снајде Олисе и стрелаше за 1-1.

Во второто полувреме две големи грешки направија домашните фудбалери, а избраниците на Компанија ги искористија и дојдоа до трите бода. Прво Горецка одзема топка во опасната зона и стрелаше за 2-1 во 64 минута, додека пак во 90 минута новата грешка ја искористи Коман за потврда на 19 славје во кампањата.

Составот од Минхен сега има 11 бода повеќе од Баер Леверкузен кого го очекува незгодно гостување во Франкфурт кај Ајнтрахт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни