Штербик во елемент, Вардар фуриозен: Кристијанштад потопен во Скопје за крај на оваа година во ЛШ

Vardar-Barsa1

Ракометарите на Вардар на фуриозен начин и победнички ја завршија 2017 година во Лигата на шампионите. Македонскиот и европски шампион вечерва пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“ го прегази Кристијанштад со 31-15.

Гостите од Шведска како што говори и самиот резултат немаа никаква шанса за поволен резултат на оваа средба. Двата периоди „црвено-црните“ ги добија убедливо (14-8, 17-7), а свое шоу имаше Арпад Штербик кој заврши со 18 одбранети удари.

Седум погодоци даде Дибиров, а пет пати мрежата на гостите ја тресеше Карачиќ. Вардар има 8 победи и 2 нерешени, а следниот предивик е на 10 февруари и тоа на гости кај Барселона.

Facebook Коментари