Штербик се врати во Топ 5 најдобри одбрани во последното коло на Лига шампиони

sterbik

Арпад Штербик како по обичај царуваше на голот на Вардар во натпреварот против Кристијанштад. Благодарение на неговите 17 одбрани и добрата игра на вардарци, разликата на натпреварот отиде до ,,плафон” и на крај заврши со 31:15. Штербик е човекот кој е еден од најзаслужните што Вардар  успеа да биде единствениот тим без пораз во 15 одиграни натпревари во Лигата на шампиони. Со неговите одбрани се најде и во топ  5 листата на најдобри одбрани од последното коло на Лигата на шампиони. Овде на овој ЛИНК можете да ја погледнете неговата мајсторија против Кристијанштад.

Facebook Коментари