Лига на шампиони
Штербик се исповеда: Вардар ми го приреди најтешкиот момент
Арпад Штербик на исклучително необичен и непосакуван начин мораше да означи крај на својата кариера, од едноставна причина што кризата со коронавирусот го оневозможи да го каже последното „збогум“ на ракометот од местото кое му доликува, односно теренот.
Легендарниот голман засега ќе мора да почека и за проштален меч кој повеќе од веројатно ќе му го организира Веспрем, клуб во кој самиот реши да ја заврши кариерата со оглед на тоа што таму започна неговото европско ракометно патешествие.
Во овие изминати 30-тина дена, Штербик во неколку интервјуа имаше можност да ја сумира својата кариера исполената со безброј трофеи, но сега правејќи интервју ексклузивно за официјалната страна на Веспрем, ги издвои најсреќниот и најтажниот момент во унгарскиот великан.
– Работата која прва ми паѓа на памет е финалето во Лигата на шампионите од 2002-ра година против Магедбург. Тоа беше најсреќен момент, тоа беше прва моја европска сезона и беше неверојатно да се стигне до финалето, – порачува Штербик кој исто така признава дека минатогодишниот пораз од Вардар се уште не може да го преболи, без оглед на тоа што доживеа неверојатни моменти во Скопје.
– Се уште се свежи спомените од минатата година. За жал поразот во финалето со Вардар е најтешкиот момент, – призна Арпад.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Италијапред 4 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)