Штербик е избран за најдобар светски ракометар за 2017 година

sterbik

Голманот на Вардар, Арпад Штербик е избран за најдобар ракометар во светот за 2017 година во изборот на специјализираниот портал „Хендбол планет“, чие признание е посебно респектирано меѓу ракометните фанови.

Жирито од специјализирани новинари и ракометните фанови кои учествувале во гласањето му дале најмногу поени на искусниот Штербик кој беше еден од најзаслужните што Вардар минатата сезона ја освои и европската ракометна титула.

Во гласањето на новинарите и над 100.000 фанови, Штербик зад себе ги оставил Уве Генсхајмер, Никола Карабатиќ, Микел Хансен и Сандер Сагосен.

Претходни добитници на признанието од „Хендбол планет“ се Хансен (2016), Карабатиќ (2015, 2014), Дувњак (2013), Јиха (2012) и Наѓ (2о12).

Facebook Коментари