Штербик и Циндриќ во тесна трка за ,,Ракометар на годината”според ЕХФ (Фото)

makeda cindric abutovic

Лука Циндриќ и Арпад Штербик, двајцата играчи на РК Вардар, од вкупно девет, се најдоа во изборот за најдобар играч огранизиран од Европската ракометна федерација.

Вардар во 2017 година освои во Европа сѐ што можеше да освои, а дел од играчите на шампионскиот има на „црвено-црните” во секое коло беа наградувани со индивидуални признанија за најдобра одбрана, најдобар гол, дел од иделаниот тим. Некои пак беа и играчи на месецот. На крајот на навивачите останува да изберат кој играч ја одбележа 2017 година.

Najdobar rakometar 2017

Покрај вардаровите играчи, во игра за најдобар ракометар се и Сандер Сагосен (ПСЖ), Хулен Агинагалде (Киелце), Момир Илиќ (Веспрем), Перез Де Варгас (Барселона), Џери Халбек (Иштад) и Мате Лекаи (Веспрем).

Гласањето се одвива преку интернет и во моментот на листата води ракометарот Мате Лекај, втор е Лука Циндриќ додека трет е Арпад Штербик.

Дадете го гласот на овој линк за нашите ракометари.

Facebook Коментари