Поврзете се со нас

Формула 1

Штајнер за разделбата со Грожан и Магнусен: Мора да направиме промени

Објавено

на

Формула 1 тимот Хас денеска потврди дека по крајот на сезоната ќе направи целосен ремонт на својата возачка постава, што значи дека ја завршува соработката со Ромен Грожан и Кевин Магнусен.

Грожан и Магнусен беа членови на американскиот тим последните четири, односно пет години, но денеска самите ја информираа јавноста дека од следната сезона нема да возат за Хас.

Подоцна, одлуката ја коментираше и тимскиот шеф на Хас, Гинтер Штајнер, кој потегот го објасни како желба за поголема и позитивна промена за екипата.

– Сакавме да направиме промени и истовремено да решиме каде ќе ги инвестираме парите. Мора да се подготвиме за новите правила во 2022 година, кои ќе бидат влегување во нов свет за сите.

– Следната сезона немаме што повеќе да загубиме, можеме само да добиеме. Она што ќе биде важно е истите возачи да останат и во 2022 година, бидејќи ќе имаме нов болид. Талентот на возачите е важен, но одредени возачи носат и спонзорски договори со нив, па треба да ги разгледаме сите опции, – изјавил Штајнер.

Шпекулациите се дека Хас ќе му даде шанса на синот на Михаел Шумахер, Мик, како и на Никита Мазепин кој исто така се натпреварува во Формула 2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни