НБА
Шрудер пред договор со поранешен шампион, Батлер размислува за соработка со Дончиќ
НБА лигата може да донесе интересни раздвижувања на дел од ѕвездите, а последните шпекулации за трејдови се поврзани со двајца важни играчи.
Германскиот репрезентативец Денис Шрудер наводно е блиску до преселба во редовите на Голден Стејт, екипата која е во потрага по квалитетен играч за да има повеќе материјал да ги оствари амбициите сезонава.
Шрудер игра одлична сезона со просек од 18,6 поени, а Бруклин нема големи амбиции сезонава, со оглед на тоа што е во период на подмладување на тимот и посакува подобра позиција на драфтот. Во насока на разделба на Шрудер и Бруклин оди и фактот што неговиот договор истекува по крајот на сезоната.
Во Мајами пак се подготвени за разделба со Џими Батлер, големата ѕвезда на Хит која добила дозвола да размислува за промена на дресот, а може да донесе посакуван квалитет за било кој тим во НБА.
„ЕСПН“ тврди дека Батлер е најблиску до два тексашки клубови, односно Далас и Хјустон, кон Ракетс го води фактот што Хјустон е негов роден град, додека кон Далас фактот што со Дончиќ и Ирвинг би имал поголеми амбиции уште сезонава.
-
Светски првенства13 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија13 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија19 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Светски првенства14 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија22 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија18 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Шпанија17 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија18 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)