Поврзете се со нас

НБА

Шрудер не сака да биде резерва во Лејкерс: Можам да играм заедно со Леброн и Дејвис

Објавено

на

Германскиот репрезентативец, Денис Шрудер од нареднава сезона ќе го гледаме во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

Тој од Оклахома Сити Тандер заврши во редовите на актуелниот шампион, но во таборот на „езерџиите“ не сака да ја има улогата на резервист, поточно неговата намера е да игра во првата петорка заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

-Две години влегував од клупата играјќи за Оклахома. Мислам дека моите агенти разговараа со претставниците на Лејкерс пред да ме трејдуваат. Јас можам да бидам стартер заедно со Леброн и Ентони Дејвис, мислам дека првенствено би му ја олеснил работата на Џејмс, -порача Шрудер кој минатата сезона заврши на второто место зад Монтрез Херел кога е во прашање наградата за најдобар шести играч, резерва во лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни