Германија
„Шпорт Билд“: Барселона има договор со ѕвезда на РБ Лајпциг

Барселона често е поврзувана со многу фудбалери кои се потенцијални засилувања за наредниот период, но германските медиуми тврдат дека имаат доверлива информација за договор со актуелен фудбалер на РБ Лајпциг.
Се работи за шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, кој во моментов е повреден, а инаку претставува еден од најважните играчи на бундеслигашот и долго време е мета на Каталонците.
Олмо потпиша нов договор со РБ Лајпциг, а според истиот, веќе од јуни 2024 година има откупна клаузула која може да биде активирана од друг клуб.
Барселона ќе треба да плати меѓу 60 и 65 милиони евра, сума која не би требало да биде проблем за играч од ваков калибар, а Олмо би бил големо засилување за тимот на Чави Ернандес.
Таткото на фудбалерот и неговиот агент веќе имале средба со претставници на Барса за време на СП во Катар и на истата било договорено да се почека до периодот кога Олмо ќе има можност да замине од Германија за прифатлива цена, а тоа ќе биде крајот на оваа сезона.
Олмо долги години бил член на младинската академија на Барса, сениорската кариера ја започна во Динамо Загреб, но враќањето во Барселона отсекогаш бил еден од посакуваните чекори во кариерата.
-
Италијапред 20 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Италијапред 14 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 12 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Англијапред 21 час
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 12 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Шпанијапред 22 часа
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)
-
Балканпред 14 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција