Шпанското трио со максимален учинок, Фенербахче ја прекина лошата серија во Евролигата

campazzo-cska

Реал Мадрид и Барселона славеа на натпреварите одиграни на домашен терен во Евролигата, а важна победа оствари и Фенербахче, за кого триумфот денеска е само трет сезонава.

Реал беше убедлив во она што требаше да биде дерби против ЦСКА Москва (97:81), а најефикасни кај домашниот тим беа Кампацо со 18 и Дек со 17 поени.

Барселона оствари лесна победа над Макаби Тел Авив (96:72) за задржување на врвот на Евролигата со ефект 8:2, a Миротиќ доминираше на теренот со 25 поени.

Успешната вечер за шпанските клубови ја заокружи Басконија која пред своите фанови го победи тимот на Зенит со 70:60, на дуел на кој се истакна Шенгелија со 20 поени.

Фенербахче го победи Лион Вилербан како гостин (72:88), за колку толку да биде смирена тензијата по серијата лоши резултати и двата пораза по ред во европското елитно натпреварување.

Штимац со 21 и Вилијамс со 17 поени биле најдобри реализатори во составот предводен од Жељко Обрадовиќ.

Facebook Коментари