Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанското обвинителство бара долга затворска казна за Дани Алвеш

Објавено

на

Дани Алвеш ќе биде дел од судски процес во кој ќе одговара за сексуален напад на девојка во ноќен клуб, а сега стана јасно и каква казна ќе бара шпанското обвинителство.

Бразилецот е соочен со затворска казна од 9 години, а обвинителот во овој случај побарал и забрана за контакт со жртвата и финансиска отштета од 150.000 евра.

Алвеш е во притвор откако беше уапсен за овој инцидент и не доби шанса да се брани од слобода, поради опасноста да ја напушти земјата и да стане недостапен за шпанската полиција.

Првично, поранешната фудбалска ѕвезда тврдеше дека немал однос со жртвата, за подоцна да го смени ставот и да тврди дека не се работело за силување.

Бразилецот е зад решетки од јануари и засега е непознато кога официјално ќе започне судењето, за кое судот утврди дека треба да биде реализирано, бидејќи има доволно докази против обвинетиот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни