Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанските судии го пријавија најбесниот играч на Алмерија, дисциплинците отворија истрага

Објавено

на

Foto:twitter.com/U_D_Almeria

Шпанскиот комитет на професионални судии донесе едногласна одлука и испрати пријава до најбесниот играч од редовите на Алмерија, искусниот Гонзало Мелеро кој нагласи дека неговиот тим бил брутално „ограбен“ на натпреварот против Реал Мадрид.

И покрај тоа што од таборот на Алмерија пристигнаа неколку остри изјави, онаа на Мелеро беше најбрутална и посебно се истакна во јавноста, па сега судиите решија да го пријават фудбалерот и со самото тоа бараат минимална суспензија од четири меча.

Дисциплинската комисија при шпанската фудбалска репрезентација официјално отвори истрага и фудбалерот ќе мора да даде изјава во наредните неколку дена, а за една седмица ќе дознае дали ќе заработи драконска казна, или пак ќе биде помилуван после низата контроверзи кои се случија на „Бернабеу“.

– Не може да се каже попросто и поедноставно, не ограбија судиите. Жалам што морам да кажам, но не знам од каде да почнам со неправдите. Не е прва ваква грешка против нас оваа сезона. Имаше неколку, но ова ги надмина сите граници на нормалното, не ми се верува што ни направија.

– Не може да направат повеќе за на крајот противникот да стигне до победата. Едноставно не смееше да ни се случии ова. Сакаме да бидеме најдобрата лига во светот, но ние сме светлосни години назад од Премиер лигата, – изјави Мелеро во неделата по поразот од 3:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни