Шпанија
Шпанските дисциплинци одредија казна за уличарското однесување на Кореа

Анхел Кореа ризикуваше да ја добие најжестоката казна од шпанските дисциплинци во последните неколку години, но очигледно извинувањето кое го испрати веднаш по крајот на натпреварот, направи Аргентинецот да биде поштеден од комисијата.
Аргентинскиот напаѓач на Атлетико Мадрид жестоко и вулгарно ги навреди судијата Куадра Фернандез откако заработи црвен картон, однесување за кое јавно му се извини на арбитарот неколку часа по натпреварот со Хетафе.
Дел од јавноста на Пиринеите во изминативе неколку дена шпекулираше дека Кореа може да добие суспензија од осум до дванаесет натпревари, но на крајот комисијата реши да ја активира најмалата казна.
Во соопштението се наведува дека важен дел од истрагата било и каењето од фудбалерот за стореното дело, па комисијата одлучила да го помилува со минимална казна.
Поради изустени навредливи зборови кон судијата, Кореа е суспендиран со четири натпревари неиграње, но ќе паузира и на петтиот натпревар во Ла Лига поради добиениот директен црвен картон, што значи дека вкупната казна изнесува пет меча.
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА24 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Италија10 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)