Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанскиот селектор среќен поради формата на играч на Барса: Тој е број еден во светот на својата позиција

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте вчера го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за натпреварите на „фуријата“ овој месец, а меѓу нив се најдоа и девет играчи на Барселона.

Педри е еден од нив и се очекува Де ла Фуенте да го користи максимално, посебно по комплиментите кои селекторот ги упатил на негова адреса на вчерашната прес-конференција.

– Педри е еден од најдобрите светски играчи.

– Тој во моментов е на ниво на зрелост и перформанси на кое не бил досега во кариерата, но мислам дека можеме да видиме уште подобра верзија на Педри. Можам да кажам дека тој е број еден во светот на својата позиција.

– Ќе уживаме во неговата игра, ни дава можност за многу варијации во играта, а за разлика од Барселона, во националниот тим сакаме да игра поблиску до противничкиот гол, – рекол Де ла Фуенте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни