Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанскиот селектор го објави списокот за мартовските дуели, прв повик за тинејџер од Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Шпанија месецов ќе одигра две пријателски средби, а селекторот Луис Де Ла Фуенте денеска го соопшти списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за претстојните натпревари.

Тинејџерот Пау Кубарси доби прв повик во националниот тим, што за фудбалерот на Барселона е потврда за одличните настапи во својот клуб изминатиот период.

Прв повик доби и Вивијан, стоперот на Атлетик Билбао, додека во националниот тим се враќаат Сарабија, Морено и Баена.

Иако Шпанија ќе игра пријателски натпревари со Колумбија и Бразил, повиканите фудбалери ќе се обидат ја искористат шансата за да се докажат пред селекторот и да ја зацврстат позицијата во националниот тим во пресрет на Европското првенство во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни