Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанскиот репрезентативец го стопираше трансферот: Му даде збор на Ливерпул, но сега реши да остане во Баскија

Објавено

на

Foto:x.com/RealSociedadEN

Атлетико Мадрид во последен момент го стопираше трансферот на Саму Омородион во Челси и ги прекина преговорите, но ова не е единствената операција која пропаѓа меѓу шпански и англиски клуб.

Мартин Зубименди веќе две недели тесно се поврзуваше со Ливерпул и беше пренесено дека ја прифатил понудата за преселба на „Енфилд Роуд“, но како што јавуваат сите угледни медиуми, шпанскиот репрезентативец се премислил во последен момент.

Иакоо Ливерпул го информирал Реал Сосиедад дека ќе ја исплати откупната клаузула вредна 60 милиони евра, самиот Зубименди е тој кој ја стопирал зделката, бидејќи решил да остане најмалку уште една сезона во своето роодно место.

Баскискиот играч за врска се премислил и проценил дека во оваа фаза во кариерата е најдобро да остане во својот матичен клуб, кој пак воопшто не инсистира на негово продавање поради стабилната финансиска состојба.

Како што стојат работите, Зубименди и дефинитивно ги затвори вратите за свое заминување ова лето, па така 25-годишникот ќе мора да почека на својот најголем трансфер во кариерата најмалку уште една година.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни