Поврзете се со нас

АТП

Шпанскиот предизвикувач пред мечот со Рожер: Ќе им раскажувам на внуците дека играв против Федерер

Објавено

на

Пабло Андухар играше шест пати против Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ (четири порази против сонародникот и два од Србинот), но денеска за првпат во својата кариера ќе ги одмери силите и со третиот претставник од големата тројка.

Рожер Федерер денеска ќе го стартува својот втор турнир во 2021-ва година и тоа ќе биде на домашно тло во Женева, каде во втората рунда ќе се сретне со шпанскиот предизвикувач кој не крие дека е воодушевен што ќе игра против еден од најголемите играчи на сите времиња.

– Навистина сум многу, многу возбуден. Сакав да играм против Федерер, ќе им раскажувам на моите внуци дека сум играл против него, дека сме биле заедно на теренот.

– Се надевав дека еден ден ќе дојде овој дуел. Играв против Рафа и Новак, сега ќе имам чест да играм и против Рожер. Уште посреќен сум што ќе се сретнеме во неговата родна земја, во Швајцарија.

– Рафа, Новак и Рожер се тениска митологија, тие отидоа над спортот. Го надминаа овој спорт со своите достигнувања и чувствувам симпатии за сите тројца, – изјави Пабло Андухар пред денешниот меч во Женева.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни