Поврзете се со нас

Конференциска лига

Шпанскиот херој во историската ноќ за Олимпијакос: За неколку години ќе си ги ставам рацете на глава

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Хосе Луис Мендилибар пред една година стана највозрасниот тренер кој ја освоил Лига Европа (тоа достигнување оваа сезона го поправи Гасперини), а сега стана најстариот стручњак кој славел во Конферернциската лига.

Искусниот шпански стручњак со години работеше во мали клубови од родната земја и најмногу беше препознатлив по работата во Еибар, но сега во период од 12 месеци освои два европски трофеи, од кои овој вториот со Олимпијакос.

Грчкиот великан првпат во историјата освои еден европски трофеј и затоа името на Мендилибар ќе биде со златни букви испишано во клупските читанки, а до таков успех стигна благодарение на победата која ја оствари над Фиорентина со резултат 1:0.

Ал Каби стрелаше во 116-та минута и донесе ерупција на стадионот во Атина, погодок со кој си загарантира фудбалска бесмртност во Олимпијакос заедно со тренерот и сите соиграчи.

– Минав многу трнлив пат за да стигнам до вакви успеси во една година. До тој момент се борев за цели кои беа доста добри, но ова станува многу големо за мене.

– Во вакви моменти, се сеќавам на моето семејство кое мина низ многу тешки моменти. Сега не сум свесен што направив, за неколку години ќе се навратам на ова. Ќе се навратам и ќе помислам што направивме, а потоа ќе си ги ставам рацете на глава, – изјави Мендилибар по освоениот трофеј во Конференциската лига на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни