Поврзете се со нас

Свет

Шпанскиот голман не го минал детекторот за метал и го украл шоуто на аеродромот во Париз (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Арнау Тенас имаше лоша реакција при првиот гол кој го постигна Франција и шпанскиот голман „кумуваше“ за водството на „триколорите“, но подоцна во текот на мечот направи да се заборави неговата грешка со неколку клучни одбрани.

Шпанската олимписка репрезентација стигна до златниот медал на Олимписките игри и победи во лудото финале со 5:3, а фудбалерите и цела експедиција веднаш по финалето имале резервиран лет за Мадрид.

Враќањето во шпанската престолнина станало доста интересно и за вработените на аеродромот во Париз, нешто за што се погрижил голманот на ПСЖ.

Тенас бил запрен на детекторот за метал и бил вратен од безбедносните лица, а причина за тоа е златниот медал кој го носел на себе.

Арнау умешно го украл шоу на аеродромот во Париз и се пофалил со златниот медал, кој е втор за Шпанија ова лето по оној на Европското првенство во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни