Поврзете се со нас

Англија

Шпански тренер одбил примамлива понуда да го преземе Тотенхем

Објавено

на

Фабио Паратичи работи напорно да пронајде тренер за неговиот нов клуб Тотенхем, но засега тој и неговиот претпоставен Даниел Леви не можат да се пофалат со успех.

Последен кој го одбил лондонскиот клуб е Хулен Лопетеги, актуелниот тренер на Севилја, кој без многу размислување се заблагодарил за понудата.

Информацијата ја открил претседателот на Севилја, Жозе Кастро, кој во последното интервју вели дека Лопетеги му се јавил и му соопштил дека одбил понуда од Тотенхем.

Она што е значајно е фактот што Лопетеги се откажал од финансиски многу попримамлива позиција, а сето тоа поради благодарноста на Севилја, каде ги постигна и најголемите успеси.

Претходно, Тотенхем имаше неуспешни преговори и со Пауло Фонсека, Џенаро Гатузо и Антонио Конте, а не може да го врати ниту Маурисио Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни