Поврзете се со нас

Македонија

Шпански тренер ќе го води Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Шпанскиот стручњак Раул Алонсо ќе биде нов предводник на актуелниот македонски ракометен шампион, Еурофарм Пелистер.

45-годишниот стручњак ќе го преземе кормилото на битолскиот клуб, кој потпишал двегодишен договор со Алонсо, а со овој потег добива искусен тренер кој долго работел во повеќе европски земји.

– 45-годишниот Раул Алонсо голем дел од својата ракометна кариера како тренер ја мина во Германија. Тој работеше во Обернбург, Рајн Мен Бинен, а од 2010 до 2015 година беше дел од стручниот штаб на големиот Кил. Со „зебрите“ стана двоен европски првак како асистент на Алфред Гисласон, а заедно освоија и серија на домашни трофеи од Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија. Потоа стана директор на академијата на Кил, а напоредно работеше и во Германската ракометна федерација. Самостојна кариера почна во Австрија, каде со успех го водеше Тирол.

– Во 2018 година ја прифати понудата на Маноло Каденас и се пресели во Мешков Брест како асистент тренер. По само една сезона го презеде кормилото на белорускиот првак и не погреши. Во две сезони како прв тренер на екипата ги освои сите домашни трофеи и стигна до четвртфиналето и осминафиналето на Лигата на шампионите. Во 2022 година Раул се врати во Германија и го водеше тимот на Ерланген, – стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни