Поврзете се со нас

Свет

Шпански тренер ќе го наследи Чави во Ал Сад

Објавено

на

Катарскиот клуб Ал Сад реши да ангажира уште еден шпански стручњак, кој во ситуацијава ќе биде наследник на новиот тренер на Барселона, Чави Ернандес.

Раководството на Ал Сад се решило за Хави Грасија, чија презентација на клупскиот стадион е закажана за утре од 11 часот.

Грасија има сериозно искуство како фудбалер во шпанското првенство и го носеше дресот на Атлетик Билбао, Леида, Валјадолид, Кордоба, Реал Сосиедад и Вилјареал, за подоцна да биде тренер во повеќе земји.

Покрај тоа што беше менаџер на Вотфорд, Грасија во Шпанија ги водеше Вилјареал, Алмерија, Осасуна, Малага и Валенсија, каде го имаше и последниот тренерски ангажман.

Ал Сад доминираше во Катар под водство на Чави, па јасно е дека новиот тренер ќе има императив да продолжи со позитивни резултати барем во домашното првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни