Поврзете се со нас

Италија

Шпански суд и доделил затворска казна на девојката која го обвини Тео Ернандес за силување

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Францускиот фудбалер Тео Ернандес во минатото беше обвинет за силување од страна на девојка во Шпанија и тоа во периодот кога левиот бек настапуваше во оваа земја.

Но, судот деновиве донел одлука во негова корист, доделувајќи и условна шест-месечна затворска казна на девојката која го обвинила фудбалерот за сериозно дело без никакви докази.

Шпанските медиуми пренесуваат дека се работи за шпански топ модел и девојка која се пожалила на агресивното однесување на ѕвездата на Милан за време на нивното дружење во ноќен клуб во Марбелја во 2017 година.

Тео тогаш настапуваше за Алавес и подоцна стана член на Реал Мадрид, а судот проценил дека девојката го измислила индидентот, бидејќи не постоел ниту еден доказ за истиот.

Поточно, судот во одлуката образложил дека двојката имала секс, а подоцна сега обвинетата решила да му се одмазди на познатиот фудбалер поради фактот што не сакал да контактира со неа.

Казната од шест месеци затвор е условна, но обвинетата ќе треба да плати и парична казна.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни